Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга на плажа
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
„Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено додека авионот слетува на Сејшели.

Каролина Гочева и Михаил Корубин веќе неколку дена уживаат на Мае, еден од рајските острови на Сејшели.

На островот, кој е најголем во Сејшелскиот архипелаг, тие пристигнаа во деновите кога кај нас беше многу студено, а при пристигнувањето таму, Каролина објави видео со слетувањето на авионот и порака „Летото нè повикува“.

Таа на Инстаграм објави и неколку видеа од убавините на островот - совршените плажи со ситен бел песок, палми, деца што трчаат покрај океанот.

Фотки од рајскиот одмор објави и Михаил - неколку од убавата природа, полната месечина која се појави на 2 февруари, од Каролина која ужива на лежалка под палма, но и фотка на која спокојно чита книга со прекрасен поглед пред себе.

„Неколку добри денови на островот“ - напиша познатиот уметник во описот на Инстаграм.
Погледнете ги фотографиите:




