Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќата каде пораснав во Битола“

„Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина откако пријатели ѝ ја испратија фотката од нејзината прва насловна страница, а која беше споделена на Фејсбук.

karolina-so-nostalgija-se-seti-na-svojata-prva-naslovna-imav-nepolni-13-godini-me-slikaa-vo-kukjata-kade-porasnav-vo-bitola-01.jpg

Каролина Гочева, една од нашите најголеми музички ѕвезди, многумина ја паметат уште од времето кога ја испеа „Мамо пушти ме“ и веднаш стана миленичка на публиката.

Иако оттогаш поминаа 34 години (песната е испеана на Макфест 1991), Каролина и понатаму пее, снима нова музика, одржува концерти.

Денес, таа е и заштитно лице на бројни брендови, зад себе има многу фотосесии, како и фотографирање за корици за албуми, едиторијали, насловни страници.

Но, пред само неколку дена, таа сподели фотографија од својата прва насловна страница, направена во време кога Каролина немала полни 13 години.

karolina-so-nostalgija-se-seti-na-svojata-prva-naslovna-imav-nepolni-13-godini-me-slikaa-vo-kukjata-kade-porasnav-vo-bitola-04.jpg

Откако пријатели ѝ ја испратиле фотографијата, објавена на Фејсбук-страницата ВБУ Музички регистар, таа со носталгија ја раскажа приказната како настанала оваа фотка.

„Јас со неполни 13 години првпат на насловна на Екран. За оние кои не знаат, тогаш Екран беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас.

Кога ми ја испратија сликава, во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна.

Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав.

karolina-so-nostalgija-se-seti-na-svojata-prva-naslovna-imav-nepolni-13-godini-me-slikaa-vo-kukjata-kade-porasnav-vo-bitola-03.jpg

Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа (како и во сечиј живот).

Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка - тремата.

karolina-so-nostalgija-se-seti-na-svojata-prva-naslovna-imav-nepolni-13-godini-me-slikaa-vo-kukjata-kade-porasnav-vo-bitola-02.jpg

Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени blast from the past моменти.

Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Мила Арсовска со исповед: „На 2 години ме прегази воз – дел од стапалото ми е ампутирано, никој не з... „Возот помина преку мене, вагон по вагон, оставајќи ме да се борам да преживеам....
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...

Најчитани неделава