Сања Ристиќ за љубовниот однос со Перо Антиќ: „Од страв ми молчи, а всушност не ме ни слуша“
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Сања Ристиќ искрено проговори дали Перо Антиќ сè уште е алфа маж или го омекнала. Таа откри кога во конфликтите со Перо си вели: „Ем сум во право, ем ме слуша, ем е завршена работата“.

Сања Ристиќ и Перо Антиќ во јули годинава ќе прослават 3 години љубов.

Парот функционира одлично, а сега во гостување во „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков искрено проговорија за нивниот однос, односно за тоа кој попушта прв во кавгите.

Снеже Велков на Сања ѝ вели: „Рече дека до себе имаш алфа маж, алфа е сè уште или го омекна?“
Сања на ова одговара:
„Па, 70 – 30 сме...“

Перо вели:
„Џабе тетоважи, џабе висина...“

Потоа, Сања надополнува:
„Од страв ми молчи, а тој всушност не ме ни слуша... И мислам дека тоа е добитна комбинација.
Но, има еден многу добар момент, кога клима и тоа ти дава на самодоверба: „Ем сум во право, ем ме слуша, ем е завршена работата“.

Перо вели:
„Кој излегол на крај со жена во расправија? Пак мажот треба, па подобро да скратиме“.
Кликнете на видеото:
Перо во текот на емисијата за Сања вели:
„Со Сања да се објасниш, треба малку повеќе, но јас сум полн самодоверба од самиот себе, така што излегуваме на крај“.

