„Прекрасно!“ - Јелена Спенџарска долови колку убав град е Прилеп - прилепчани трогнати (видео)
- Детали
- четврток, 05 март 2026
„Браво за видеото! Никој досега не го претставил Прилеп вака убаво! Ти благодариме! Ова е коментар од една горда прилепчанка...“, ѝ напиша една девојка на Спенџарска, која ги претстави и саат кулата и ширденот.

Градот Прилеп, со околу 70.000 жители, е еден од поголемиот градови во Македонија и дефинитивно наша гордост.
Јелена Спенџарска го посети и на совршен начин преку видео ги долови неговите убавини.

Од прошетка низ Старата чаршија до уживање во специјалитетот ширден, таа ги воодушеви прилепчани со приказот на нивниот град.

Инаку, ширден е јадење направено од јагнешки или овчи желудник (ширден) кој се полни со: ситно сечкано јагнешко месо, ориз, кромид и зачини (сол, бибер, понекогаш црвен пипер).
Потоа се зашива или врзува, се става во тава и се пече во рерна, најчесто во земјена тава.

Прилеп во минатото бил престолнина на владетелот Крали Марко, па затоа често се нарекува и „градот под Марковите Кули“.
Прилеп исто така неретко се нарекува и „град на тутунот и мермерот“.

Во описот на видеото Јелена напиша:
„Кафе кај Саат кулата, прошетка низ чаршијата, ширден за ручек и многу нови пријателства. Преубав ден во сончевиот Прилеп!“

На ова прилепчани коментираа:
„Браво за видеото! Никој до сега не го претставил вака убаво! Ти благодариме!
П. С.: Од една горда прилепчанка...“
„Oдлично доловено!“
Но, имаше коментари и од луѓе од други градови:
„Прекрасно доловено, убав бил Прилеп!“
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
