Ана, Македонка во Дубаи: „Најдов авиобилет до Бугарија, но чинеше 6.000 евра, 6-ти ден сум изолирана дома“

Од амбасада ни кажаа дека обезбедиле 3 чартери за од викендов да нè евакуираат нас Македонците.

Досега мислам дека има 500 Македонци што се пријавени и прв приоритет ќе бидат сите тие што биле туристички дојдени или фамилии со деца или постари и болни лица, а на крај ќе биде евакуацијата на сите ние што сме резиденти тука.

Сега, чекаме да ни се јават кога ќе можеме да одиме. Мои пријатели ќе се евакуираат, а јас не сум сигурна, бидејќи работам тука и од мојата авиокомпанија сакаат да нè префрлат во базата на Малдиви и нашите летови да тргнуваат оттаму.

Летовите наместо да застануваат во Дубаи и да полнат гориво за во Европа, сега застануваат во Туркемнистан.

Но, тој аеродром е на само 30 километри од Иран, па ја следат ситуацијата во случај да дојде до некаква ексалација.

Кога ќе почне да станува небезбедно и таму, ќе се преместат на друга локација.

Периодов, авионите одат со поддршка и кружат видеа како воени борбени авиони ги следат, додека излезат безбедно од ова подрачје тука.

Но, не можам да потврдам дека ова се случува за секој лет, затоа што моите колеги денес што полетаа од Абу Даби, и со кои бевме во контакт цел лет, рекоа дека не забележале дека ги следи некаков воен авион за поддршка“.

Прочитајте и Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ми се тресеше“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg