Теодора од Скопје со евакуациски лет се врати од Дубаи: „Со две мали деца затворени во хотелска соба без играчки е предизвик“
За сите други важи дека трошоците што ги имаш таму, си ги покриваш сам.
По три одложени лета, на крај се вративме со евакуацискиот лет што беше организиран од нашата држава.

А ако мене ме прашувате, колку што гледам, кај нас ситуацијата е исто така сериозна со тоа што се случува, насилство, убиства… Работи од кои кожата ми се ежи. Работи поради кои дома не се чувствуваш безбеден со своите најблиски.
Кај нас системот многу често не функционира, институциите не работат како што треба.
Можеби повеќе треба да се зборува и пишува за тоа, наместо за далечни сензационалистички статии за други места.
Но, кај нас, за жал, многу работи се сведуваат на скролање, лоши коментари и ширење лажни вести.
Најважно е што сите се вративме безбедни и се надевам дека ситуацијата нема да се влоши, дека сè ќе се смири и дека сите што живеат таму ќе останат безбедни, па животот повторно ќе продолжи во нормален тек“.



Прочитајте и Теодора од Скопје со децата е во Дубаи: „Надворешните детски игралишта се затворени, сè друго функционира нормално“
С. С. | Црнобело
