Ноне Неделковска во едно од најмагичните места во Италија: „Сан Џимињано, прекрасен агол од Тоскана“
- Детали
- среда, 11 март 2026
„Само уште еден прекрасен агол од Тоскана. Овој се вика Сан Џимињано“, напиша Ноне и откри како низ нејзините очи изгледа гратчето, кое неретко го нарекуваат „средновековниот Менхетен“, поради големиот број кули. Вино, недогледни лозја и историја, ако сте за - вие сте за таму...

Ноне Неделковска работи на прекуокеански крузери подолго од една деценија, обиколувајќи ги најпознатите светски дестинации.

Но, засекогаш една од нејзините омилени дестинации останува Италија, а овој пат таа ја посети Тоскана и магичното место Сан Џимињано.

Ноне објави магични фотки оттаму и напиша:
„Само уште еден прекрасен агол од Тоскана. Овој се вика Сан Џимињано“.
Ако сонувате за чаша вино среде историја и недогледни полиња лозје, веднаш ќе го ставите на вашата листа за посета.

Сан Џимињано е мал средновековен град во централна Италија и познат е по своите високи камени кули и добро сочуваната средновековна архитектура.
Често го нарекуваат „средновековниот Менхетен“ поради големиот број кули.

Има околу 7.000 жители и локациски се наоѓа меѓу Фиренца и Сиена, на надморска височина од 324 метри.
Историскиот центар е под заштита на УНЕСКО и е на листата на светско наследство од 1990 година.

Инаку, во Сан Џимињано во 13–14 век богатите семејства граделе кули за престиж и одбрана.
Некогаш имало околу 72 кули, денес се сочувани 14 кули.
Најпозната е Torre Grossa, која е највисоката кула во градот со 54 метри.
Регионот е познат по белото вино и по џелатото.



