Катарина Ивановска на патување од соништата - Покажува како ѝ изгледа едно бајковито утро во Тоскана (фото)
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
Ако сон ви е да се разбудите во винтиџ автентична вила среде Тоскана со спектакуларен поглед, тогаш патувањето на Катарина Ивановска ќе ви изгледа како рај за сите сетила.

Катарина Ивановска обожава патувања, а периодов е на патување од соништата во Италија.
Таа ужива во Тоскана, каде е сместена во идилична и автентична вила и го пие утринското кафе со глетка од прозорец кон недогледни лозја.

Со шарм и винтиџ мебел, нејзиното сместување е рај за сите сетила.
Инаку, Тоскана е еден од најпознатите и најубавите региони во Италија, сместен во нејзиниот централен дел.

Позната е по уметност, историја, архитектура, прекрасни пејзажи и вкусна храна и вино.
Тоскана е родното место на ренесансата и дом на некои од најпознатите уметници во историјата, како Леонардо да Винчи, Микеланџело, Данте Алигери, Ботичели и други.
Фиренца, пак, е културното срце на регионот.

Тоскана е позната по виното и гастрономијата, а најпознато вино од овој регион е Кјанти (Chianti), во кое ужива и Катарина Ивановска.
Повеќе фотографии од Катарина:





