Тамара Тодевска позира како Хали Бери, Катарина Ивановска фрла ѓубре „со стил“ - Другарките заедно на одмор со децата
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Овој пат двете долгогодишни пријателки одлучија да појдат на одмор со децата сами, без нивните посилни половини... Тие уживаат во Грција од каде се забавуваат со филмски пози, шеги на сметка една на друга, како и непроценливи мигови со децата.

Долгогодишните пријателки Тамара Тодевска и Катарина Ивановска уживаат на одмор во Грција со децата.

Двете објавија низа фотографии оттаму, но највпечатливи се оние каде Тамара позира како Хали Бери со црни бикини во вода, но и онаа каде Катарина го покажува своето фит тело, па во сатенски пижами фрла ќесиња со отпадоци.


Тамара ја сподели на Инстаграм Стори фотографијата од Катарина и се пошегува: „Фрлање ѓубре со стил“.
Нејзината поза, пак, во вода е инспирирана од филмот „Die Another Day“ (филм од 2002 од серијалот Џејмс Бонд со Пирс Броснан), каде Хали го толкува ликот на секси агентка и е снимена како излегува од морето облечена во портокалови бикини.




Двете пријателки очигледно одлично се забавуваат заедно, а нивните деца минуваат незаборавни мигови со водени лудории.
Фотографии од нивниот одмор во Грција:








С. С. | Црнобело