Ноне наполни 39 години: „Сонувам да го истражам светот со посилна половина и, ако Бог даде, со мои деца“
- Детали
- понеделник, 29 септември 2025
„Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузери - најдобрата одлука во мојот живот! Останатите делови од светот сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца“, напиша во искрената роденденска желба Ноне.

Поранешната пејачка Ноне Неделковска, наполни 39 години.
На крајот од четвртата деценија, таа објави емотивен роденденски пост на Инстаграм со фотографии од бројни патувања низ светот.

Таа самата на себе си посака остатокот од патувањето да не го продолжи сама, туку со партнер, и со деца, кои би сакала да ги има во иднина.
„39 денес. Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузери - најдобрата одлука во мојот живот!
Светот ми даде повеќе од само знаменитости - ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде.
Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го видов со свои очи.

Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност.
Останатите делови од светот сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца.
За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“, напиша таа.

Погледнете ги фотографиите:


