Драган Спасов Дац со моќна објава: „Најтешко во моето детство не беа караниците. Најтешка беше тишината по нив“

„Ако се препознавте во овие зборови, вие сте човек кој преживеал дом во кој болката се голтала, наместо да се изговори, и вашата душа се обидува да го поправи она што никој во вашиот дом не знаел. Заслужувате некој што ќе ви каже: ‘Добро сме. Никаде не одам. Тука сум’...“

dragan-spasov-dac-najteshkoto-vo-moeto-detstvo-ne-bea-karanicite-najteshka-beshe-tishinata-shto-doagjashe-po-niv-01.jpg

Драган Спасов Дац е вљубеник во пишаниот збор и иако актерот неретко објавува свои моќни текстови, овој пат на Фејсбук сподели објава од непознат автор, но навистина моќна објава, која допира до сечие срце.

Ова е објава за сите кои денес се малку несигурни возрасни личности поради тоа што растеле во дом каде причините за конфликти се премолчувале, наместо да се зборува за нив, и каде напуштањето, а не решавањето на ситуацијата било крајниот резултат.

dragan-spasov-dac-najteshkoto-vo-moeto-detstvo-ne-bea-karanicite-najteshka-beshe-tishinata-shto-doagjashe-po-niv-02.jpg

Објавата гласи:

Најтешкото во моето детство не беа караниците.
Најтешка беше тишината што доаѓаше после нив, по караница не се разговараше.

Само се чекаше.
Се чекаше додека некој не каже: „Ќе пиеш кафе?“,

И тоа значеше: „Готово. Помина“.

Но, не поминало.
Никогаш не поминуваше.

Вака изгледаше тоа:

Татко ми вика.
Мајка ми молчи.
Или обратно.

Некој треснува врата.
Некој оди во друга соба.

И потоа... ништо.

dragan-spasov-dac-najteshkoto-vo-moeto-detstvo-ne-bea-karanicite-najteshka-beshe-tishinata-shto-doagjashe-po-niv-08.jpgФото: Маја Аргакијева, Мики Трајковски Манца

Никој не вели „извини“.
Никој не вели „ми беше тешко“.

Никој не седнува и не објаснува што се случило,
се руча во тишина, телевизорот се пушта погласно од обично, и се прави како ништо да не се случило,
а во воздухот се чувствува сè.

И ти, како дете, седиш на таа маса
и ја учиш најважната лекција во животот:

Љубовта не се поправа. Љубовта се преживува.

Никој не ти го кажал тоа, но твоето тело го запомнило.

Запомнило дека по караницата
нема разрешување.
Само чекање.

Запомнило дека не знаеш дали е готово,
бидејќи никој никогаш не рекол:
„Готово е, добро сме“.

Ја запомнило онаа грутка во стомакот која се јавува секогаш кога некој ќе го крене гласот, или кога некој предолго молчи.

И додека се свртиш си пораснал.
И сето тоа си го понел со себе.

Сега си возрасен човек,
кој после секое несогласување
не може да дише додека работите не се разјаснат.

Праќаш порака и чекаш одговор како пресуда.
Нема одговор еден час и веќе правиш сценарија во главата.

Ќе ти пише „ок“ наместо „сè е во ред“ и веднаш мислиш дека уште се лути.

Прашуваш: „Добро ли сме“, не еднаш, три пати прашуваш. Затоа што еднаш не ти е доволно.

Затоа што си научил дека „добро“ може да значи сè освен добро.

Објаснуваш премногу.
Се правдаш премногу.

Пишуваш долга порака за нешто што можело да биде една реченица, затоа што во тебе живее детето кое никогаш не ја добило таа една реченица на која чекало цело детство:
„Извини. Не беше твоја вина. Добро сме“.

И луѓето ти велат:

„Премногу размислуваш“.

„Опушти се“.

„Не е сè толку драматично“.

А ти само кимнуваш со главата и се насмевнуваш.
Но, внатре... внатре ти се случува бура.

Затоа што твојот нервен систем не знае...

Дека секоја тишина не е казна.
Дека секоја караница не значи крај.

Дека некој може да молчи, а тоа да не значи дека повеќе не те сака.

Тоа никогаш не си го научил.
Ти си научил дека тишината
е последното нешто што го слушаш
пред нешто да се сруши.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Драган Спасов Дац со моќна објава за бракот: „Да се живее со човек што го сакате, значи и да се пецк... „Заедничкиот живот во брак не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој...

Најчитани неделава