Драган Спасов Дац со моќна објава: „Најтешко во моето детство не беа караниците. Најтешка беше тишината по нив“
Не е страшното тоа што си таков, страшно е што не знаеш зошто си таков.
Мислиш дека си премногу емотивен, премногу анксиозен. Премногу тежок за луѓето.
А вистината е многу поедноставна.
Ти си дете кое никогаш не слушнало „Извини“.
И сега, како возрасен човек, се обидуваш да го извлечеш тоа „извини“ од секој однос пред да биде предоцна.

Затоа што за тебе секоја неразрешена караница е можен губиток.
Секоја тишина е можност за напуштање.
Секој пропуштен повик е можен крај.
Не затоа што нешто не е во ред со тебе, туку затоа што како дете си научил
дека љубовта може да се повлече без објаснување
и дека единственото што можеш да направиш е да чекаш и да се надеваш дека ќе помине.
Ако се препознавте во ова, вие сте човек кој преживеал дом во кој болката се голтала наместо да се изговори.
И вашата потреба сè да биде решено, и јасно кажано, не е слабост.
Тоа е вашата душа која се обидува да го поправи она што никој во вашиот дом не знаел.
И тоа заслужува почит, не критика, не потсмев.
Заслужувате некој што ќе ви каже:
„Добро сме. Никаде не одам. Тука сум“.
И заслужувате еден ден
да поверувате во тоа“.
Прочитајте и Драган Спасов Дац со носталгија: „Пиевме вода од градинарско црево, колената ни беа како излезени од битка“
С. С. | Црнобело