„Слава тебе Господе“ - Синот на Миро Кацаров наполни 4 месеци - сестричката од првиот брак на Ивана го гушка, Миро го маскира
- Детали
- петок, 13 март 2026
„4 месеци среќа, радост, љубов и најубавата приказна што ни се случи… Слава тебе Господе...“, напишаа Миро и Ивана за својот син Тадеј, во чие друштво најмногу ужива малата Миа, ќерката на Ивана од првиот брак, која Миро ја сака како свое дете.

Водителот Миро Кацаров стана татко на 12-ти ноември 2025-та, а вчера неговиот син Тадеј наполни 4 месеци.
Името Тадеј има значење „храбро срце“, а малиот наследник на нашиот познат водител е гордост на тато.
Од шеик до автомеханичар, Миро и Ивана го маскираат своето малечко и секојдневието со него си го претвораат во забава. Буквално уживаат во секој миг.
„4 месеци среќа, радост, љубов и најубавата приказна што ни се случи… Слава тебе Господе...“, напишаа тие за своето малечко.
Инаку Ивана се породи на ГАК, а Миро тогаш за CRNOBELO.com изјави:
„Превозбуден сум што станав татко, адреналинот ми работеше цело време. Тоа е она што го кажуваат сите - како да не сум присутен на планетава, како да лебдам.
Ете, сега го разбирам тоа. Ова е чувство кое го посакувам на секој“ - ни рече Миро.


Ивана од првиот брак ја има ќерката Миа, а Миро ја обожава и вели дека му е како ќерка.

