Шеф Никола ги покажа родителите, објави ретка фотка на роденденот на татко му: „Ти си моја гордост“

„Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ја направил за нашето семејство“, напиша популарниот готвач во својата честитка за татко му.

shef-nikola-gi-pokazha-roditelite-objavi-retka-fotka-na-rodendenot-na-tatko-mu-ti-si-mojot-primer-moja-gordost-01.jpg

Еден од омилените телевизиски личности кај нас, готвачот Никола Мишковски или популарно - шеф Никола, го прослави роденденот на својот татко.

Тој објави фотка со родителите, една од ретките фотогафии од нив што ги споделил на социјалните мрежи, за да му го честита роденденот на татко му и да му каже јавно колку се гордее со него.

shef-nikola-gi-pokazha-roditelite-objavi-retka-fotka-na-rodendenot-na-tatko-mu-ti-si-mojot-primer-moja-gordost-03.jpg

Во пораката до татко му на Инстаграм, шеф Никола напиша:

„Денес е посебен ден - денот кога се роди човекот кој ме научи што значи сила, чесност и вистинска љубов.

Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ја направил за нашето семејство.

shef-nikola-gi-pokazha-roditelite-objavi-retka-fotka-na-rodendenot-na-tatko-mu-ti-si-mojot-primer-moja-gordost-02.jpg

Ти си мојот пример, мојата поддршка и мојата гордост.

Нека Бог ти подари многу здравје, мир и уште многу среќни години исполнети со радост и насмевки.

Среќен роденден тато, те сакам многу“.

Прочитајте и Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме изненади неговата зрелост“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Гордост татина“ - Синот на Перо Антиќ е матурант - мајка му е горда на него, татко му го однесе на ... Со бордо костум и црна кошула, Лука Антиќ блеска на својата матурска прослава. П...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава