Цаци Паковска прослави 48-ми роденден – децата од „Тин камп“ ја изненадија, па продолжи со ноќна забава (фото)
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
Во скопски локал, заедно со најблиските пријатели и соработници, меѓу кои Каролина со сопругот Михаил, но и ѕвездите од „Тин камп“ кои ги гледа како свои деца, Цаци Паковска прослави 48-ми роденден – ја изненадија со торта и конфети, а освен денска, имаше и вечерна забава.

Цаци Паковска, нашата модна стилистка, модна дизајнерка и извршен продуцент на едни од најголемите и најуспешни проекти за млади кај нас „Дајте музика“ и „Тин камп“, наполни 48 години.

Таа покажа дека годините не ѝ можат ништо и изгледа подобро од кога било, за време на прославата на нејзиниот роденден.
22 март Цаци го помина во скопски локал, заедно со своите најблиски пријатели и соработници, меѓу кои беа Каролина Гочева со сопругот Михаил, Ана Исаиева, но и тин-ѕвездите Филип Поповски, Миха Гигов и Марија Јанчевска, Луна Бејков и многу други.

Ѕвездите од „Тин камп“ таа ги гледа како свои деца кои израснаа со нејзините проекти и е многу горда на нив, па на роденденот ја изненадија со торта и конфети.

Во Инстаграм објавата, освен од денската прослава, Цаци сподели и неколку видеа од вечерната забава, а изгледа пресреќно покрај своите најсакани.
„22.03. Ниво 48 отклучено. Среќна и благословена“ - напиша таа.

Повеќе фотки од роденденот на Цаци Паковска:

