„Зоки Поки“ ја скрати долгата коса, ќе ја донира за перики за деца болни од рак: „Ја чував 4 години“
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
„Должината на плетенката што ја пресековме е 38cm. А кога отпосле се видов во огледало си реков: ‘Кој е овој дечко со краткава коса?’,“ вели Матеј Настевски за CRNOBELO.com.

Матеј Настевски во 2019-та година ја играше улогата на малиот Зоки Поки и преку ноќ стана миленик на своите врсници.
Дури и денес, 7 години по завршувањето на серијата, го препознаваат на улица и знаат да му се обратат со „Зоки Поки“, наместо со неговото вистинско име, Матеј.

А, тој, пак, порасна во тинејџер со големо и хумано срце.
Матеј пред неколку дена ја потстрижа својата долга коса, со цел да ја донира за перики за деца болни од канцер.

За CRNOBELO.com, Матеј вели:
„Косата ја пуштав 4 години.
Идејата да ја донирам косата дојде сама по себе.
Си реков, зашто да ја фрлам ако веќе ја пуштам толку долга и тогаш знаев дека сакам да ја дадам за децата болни од канцер, да се направи перика за некој на кој навистина му е потребно.

За да ја чувам здрава не правев ништо посебно, само основно одржување на коса со шампон, регенератор и понекогаш ставав серум.
Должината на плетенката што ја пресековме е 38cm.
Што си помислив кога се видов во огледало отпосле? ‘Кој е овој дечко со краткава коса?’ ха, ха’.
Повеќе фотографии:




Прочитајте и Момчето што го играше „Зоки Поки“ порасна: „Ако не станам актер, ќе бидам пилот“
А. Ј. | Црнобело
