Христина Пан: „На првиот роденден, ќерка ми ја примаше втората хемотерапија - сопругот првпат заплака кога ја шишаше“
- Детали
- среда, 25 март 2026
„Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки! Знаев од старт дека силно ќе се држите, а тек во Тара не се посомневав ни една милисекунда. Сила сте, голема и јака до вселената! Многу научивме од вас...“, вели Сандра Кирков, најдобрата другарка на Христина Пан, по нејзината јавна исповед за борбата со ракот на ќерка ѝ Тара.

Христина Младенов, позната како Христина Пан, заедно со сопругот Петар си ја разголе душата за борбата со ракот на нејзината ќерка Тара (3), која првите симптоми ги пројавила на само 8 месеци.

Денес, Тара е среќно и здраво девојче, но патот дотука не бил лесен, а Христина искрено проговори за тоа во подкастот на Лазаров.

Видеото и фотографиите од подкастот ги сподели и инфлуенсерката Сандра Кирков, најдобрата другарка на Христина.

Таа ја обожава малата Тара, а со нив има отидено и на пат во друга држава, како поддршка при процесот на лекување, кој сега, за среќа, е зад нив.
Сандра на Инстаграм емотивно ѝ напиша на Христина:
„Како што ти реков... Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки!
Знаев од старт дека силно ќе се држите, а тек во Тара не се посомневав ни една милисекунда.

Сила сте, голема и јака до вселената! Многу научивме од вас.
Доаѓам деновиве на гушкање.

Ова е тетина душаа, мое злато, борец мал, а најголем.
