Majка од Скопје ја маскираше ќерката како Црвенкапа, во свој фустан од детството - го најдоа во плакарот на дедо и баба
- Детали
- среда, 01 април 2026
„Во 1997 јас бев во тој фустан, а денес е ќерка ми Хана (4). Додека бевме на ручек кај баба и дедо, случајно го отворивме стариот плакар и таму, како да нè чекал, го најдовме фустанот од моето детство“, вели Ивана (36) од Скопје.

Денес е 1-ви април, денот на шегата, а родителите од Македонија ги маскираат своите дечиња и атмосферата е прекрасна.
Од принцези до крокодили и доктори, денес ќе видиме секаков тип на маски, но онаа која нас нè трогна е маската на Црвенкапа што ја направи една креативна мајка за ќерка си, со помош на својот фустан од детство.


Ивана (36) од Скопје ја маскираше ќерка си Хана со креација која ја пронајде во стариот плакар на дедо и баба.

Ивана за CRNOBELO.com вели:
„Во 1997 јас бев во тој фустан… Денес е таа. Неверојатно е!
Додека бевме на ручек кај баба и дедо, случајно го отворивме стариот плакар и таму, како да нè чекал, го најдовме фустанот од моето детство.

Прекрасен и пред сè полн со спомени, а денес, повторно оживеа на мојата ќерка 4-годишна ќерка Хана. Ја маскирав во Црвенкапа во него.


Животот навистина знае да направи круг и да ги врати најубавите моменти, во уште поубава форма“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело