Eва Нединковска кажа „да“ - партнерот ја запроси во Будимпешта (фото)
- Детали
- среда, 01 април 2026
Некогашната пејачка, а денес бизнис жена Ева Нединковска одлучи по вторпат да ѝ даде шанса на љубовта. Таа му кажа „да“ на саканиот Филип. Од првиот брак ја има ќерката Ена.

Ева Нединковска во последно време постојано објавува фотографии со саканиот Филип и не крие дека пронајде повторно љубов.

Сега, таа е на патување низ Европа со него и со фотографија на Фејсбук Стори откри дека му кажала „да“.

Филип ја запроси Ева во Будимпешта.

„Кажав да, да на вечна љубов“, напиша таа.

Ева објави фотографија од свршеничкиот прстен и откри дека по вторпат ќе стапи во брак.
Од првиот брак таа ја има ќерката Ена, која очигледно е во одлични односи со нејзиниот избраник бидејќи тројцата често минуваат време заедно.


Повеќе фотки од запросувањето:





