Маја Кикириткова за Велигден: „Боењето јајца за мене е креативен ритуал, го обожавам овој христијански празник“
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Фарбањето и цртањето велигденски јајца е обостран мерак, мој и на децата. Омилени ми се оние од пред некоја година - тематски со морковчиња и зајчиња. Децата многу се радуваа, а јас уживав во рачно цртање на секое посебно“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.

Модната дизајнерка Маја Кикириткова со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева го обожаваат празникот Велигден и во нивниот дом секогаш има уникатно украсени велигденски јајца.

Маја Кикириткова за овој празник за CRNOBELO.com вели:
„Велигден го сакам затоа што комбинира многу работи што природно носат радост.

Со Велигден се чувствува новиот почеток. Доаѓа со пролетта – време кога сè се буди.

Тоа симболично дава чувство дека и ние можеме да почнеме одново, со повеќе енергија и надеж.

Ова е празник кога сите се собираме, седнуваме на иста трпеза, се смееме и поминуваме време заедно. Токму тие моменти најчесто остануваат највредни.

Со Велигден ме врзува традицијата и убави ритуали. Боењето јајца, секоја година, за мене претставува еден креативен ритуал.

И децата ги вклучувам во оваа активност и на тој начин заеднички ја гаиме традицијата и сѐ што носи овој празник.
