Андријана Јаневска објави ретка фотка со сопругот и синовите - Се забавуваат на патување низ Холандија
- Детали
- среда, 15 април 2026
Иако често патуваат заедно, пејачката само во посебни прилики споделува семејни фотографии на кои се сите четворица - таа, сопругот Драган и синовите Димитар и Кристијан.

Пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска, околу велигденските празници беше на семејно патување во Холандија, со сопругот Драган Гиновски Гино и нивните два сина Димитар и Кристијан.
Иако често патуваат заедно, пејачката само во посебни прилики споделува семејни фотографии на кои се сите четворица.

Така беше и овој пат, каде меѓу десетината објавени фотки на Инстаграм е и една фотка на која таа е со сопругот и децата.
„Време за семејството“, напиша таа во описот на фотографиите, па откри дека ги посетиле познатите канали во Амстердам, дека во музеј виделе и дела од Ван Гог, се прошетале низ земјата.

А нејзините следбеници, освен што ѝ го честитаа празникот, ѝ коментираа и дека се прекрасно семејство.
Погледнете ги фотографиите:








Кликнете да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело