Жарко Димитриоски очекува второ дете - сопругата го покажа трудничкото стомаче, ќеркичката ги слика
- Детали
- среда, 15 април 2026
„На ќерка ми ќе можам да ѝ кажувам: ‘Кога излезе на светот, тато прв те зеде - и тоа е фасцинантно чувство’“, изјави Жарко за ќерката Ника во една пригода. Сега, неговата сопруга Ивана е повторно бремена, а Ника ќе добие братче или сестриче.

Водителот Жарко Димитриоски, познат како Жаре „Еден на еден“ со сопругата Ивана во 2024-та за првпат се остварија во улогата на родители, а сега тие очекуваат второ дете.

Годинава нивната ќерка Ника ќе добие братче или сестричка, а Ивана на својот Инстаграм профил ја сподели среќната вест објавувајќи фотографии на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче.
Таа сподели и дека заедничката фотка со Жаре е дело на нивната ќерка Ника.


Убавата бринета блеска во бременоста, а Жаре е пресреќен за приновата што ќе ја имаат во семејството.


Инаку, во една пригода Жаре за ќерката Ника изјави:
„Кога сме кај држење во раце, јас бев првиот што го фати нашето бебе во раце, бидејќи присуствував на породувањето и прв ја зедов ќеркичката откако тимот и акушерката ја извадија.
Кога ми го дадоа бебето, прво помислив дека секогаш ќе можам да ѝ кажувам - Кога излезе на светот, тато прв те зеде - и тоа е фасцинантно чувство“.
