„Тато те зеде прв во раце кога се роди“ – Жарко Димитриоски горд што присуствувал на раѓањето на ќеркичката

„За мене како татко овие први пет месеци се исполнети со радост и убавини кои не можев да ги замислам. Растам и јас како и ќеркичката“ - вели за CRNOBELO.com Жаре, кој е татко на 5-месечна ќеркичка, а неодамна јавно разговараше за татковството со уште тројца познати татковци. 

tato-te-zema-prv-vo-race-koga-se-rodi-zharko-dimitrioski-gord-shto-prisustvuval-na-ragjanjeto-na-kjerkichkata-01.jpg

Водителот Жарко Димитриоски, познат како Жаре „Еден на еден“, летово за првпат се оствари во улога на родител, а веста во јавноста се прошири откако беше најавен како татко кој ќе биде модератор на панел дискусија.

Станува збор за првата регионална конференција за родителство организирана од Becutan, која се одржа на 12.11.2024, каде заедно со Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина разговараше на тема татковство.

tato-te-zema-prv-vo-race-koga-se-rodi-zharko-dimitrioski-gord-shto-prisustvuval-na-ragjanjeto-na-kjerkichkata-.jpg

На почетокот на дискусијата, тој се претстави како татко на 5-месечна ќерка, додека пак Сашко како татко на 7-годишна ќерка, Петар како татко на три деца и Тарик, родител на два сина од 21 и 16 години. 

Тие дискутираа на разни теми од областа на родителството, велејќи дека и татковците треба да се подеднакво вклучени во сите семејни обврски и одговорности. 

Зборувајќи со Сашко, на тема за држење на бебињата во раце и не одвојување од нив додека ја имаат таа можност родителите, Жаре се отвори и призна која му е најубавата работа на која е горд:

„Кога сме кај држење во раце, јас бев првиот што го фати нашето бебе во раце, бидејќи присуствував на породувањето и прв ја зедов ќеркичката откако тимот и акушерката ја извадија.

Кога ми го дадоа бебето, прво помислив дека секогаш ќе можам да ѝ кажувам - Кога излезе на светот, тато прв те зеде - и тоа е фасцинантно чувство“.

tato-te-zema-prv-vo-race-koga-se-rodi-zharko-dimitrioski-gord-shto-prisustvuval-na-ragjanjeto-na-kjerkichkata-02_1.jpg

Со гостите на дебатата, тој разговараше за првиот момент кога си го виделе бебето по раѓањето, поврзаноста со децата, пристапот кој го имаат, но и за тоа, дали како татковци некогаш биле несигурни во својата улога на почетокот и колку е голема нивната одговорност во семејството.

„На сите (идни) татковци би им порачал, колку и да се исплашени, само да се вклучат во тимот и да не стојат на страна да помагаат, туку да бидат дел од искуството и ќе успеат“ - рече Тарик Филиповиќ.

„Неодамна ја прашаа Тамара (сопругата) во едно интервју, дали помагам јас како татко во обврските, па таа им одговори – Па јас не го замолив на улица да ми направи дете па да ми помага, тоа се и негови деца. Знаете, тоа е едноставно врежано во вас, ви доаѓа природно“ – рече Петар зборувајќи на тема колку се тие вклучени како татковци.

За CRNOBELO.com, Жаре накратко сподели импресии од разговорот со гостите на конференцијата, но и за тоа колку ужива во улогата на татко:

„Конференцијата на Бекутан беше супер можност да се соберат родители и експерти на едно место и да се разменат идеи, искуства и поддршка.

За мене како татко овие први пет месеци се исполнети со радост и убавини кои не можев да ги замислам.

Растам и јас како и ќеркичката, зошто сето ова отвора перспективи кои те менуваат и како родител, но и како личност.

Беше одлично да споделиме мислења и филозофии околу татковството со Тарик, Петар и мојот драг пријател Сашко“.

tato-te-zema-prv-vo-race-koga-se-rodi-zharko-dimitrioski-gord-shto-prisustvuval-na-ragjanjeto-na-kjerkichkata-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интере... „5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзин...

Најчитани неделава