Боби од Скопје цела година го фотографирал Сонцето во исто време, од исто место – резултатот е совршена фотка од сончева аналема

„Одамна ме привлекуваа фотографиите на сончева аналема, онаа убава крива во облик на бројот 8 која настанува кога ќе го фотографираш Сонцето секој ден, во исто време, цела година. Сакав да направам своја верзија, но со препознатливата панорама на Скопје во позадина“, пишува фотографот Боби Кузманоски на неговиот Фејсбук профил.

fascinantna-fotografija-od-soncheva-analema-od-bobi-kuzmanoski-cela-godina-go-fotografiral-sonceto-vo-isto-vreme-od-isto-mesto-vo-skopje-01.jpg

Во астрономијата, аналема е вид дијаграм кој ја покажува положбата на Сонцето гледано од исто место, во исто време, во текот на една година.

За да се направи фотографија на која се гледа сончевата аналема, фотографите трпеливо го фотографираат Сонцето во текот на една година, а резултатите секогаш се фасцинантни.

И нашиот фотограф Боби Кузманоски го прифатил овој предизвик и на својот Фејсбук профил го сподели резултатот.

„Сончева аналема над Скопје

Одамна ме привлекуваа фотографиите на сончева аналема, онаа убава крива во облик на бројот 8 која настанува кога ќе го фотографираш Сонцето секој ден, во исто време, цела година.

Сакав да направам своја верзија, но со препознатливата панорама на Скопје во позадина, и така да ја создадам првата сончева аналема сликана од македонски автор на македонско тло.

fascinantna-fotografija-od-soncheva-analema-od-bobi-kuzmanoski-cela-godina-go-fotografiral-sonceto-vo-isto-vreme-od-isto-mesto-vo-skopje-01.JPG

Проектот бараше дисциплина и трпеливост. Поради работните обврски, најлесно беше да сликам за време на викендите, па така еднаш неделно излегував на она добро познато место, покривот од мојата зграда, и во исто време го фотографирав Сонцето. Планираното време беше 14:30, но уште на првата сесија поради технички проблем направив фотка дури во 14:50 и тоа стана фиксниот термин за целата година.

Временските услови во голема мера ми излегоа во пресрет. При делумна облачност, магла или тенки слоеви на провидни облаци сепак сликав, бидејќи ми требаше само точната позиција на Сонцето на небото, а не остра или совршено направена фотографија.

Само трипати облачноста беше толку густа што сликањето беше невозможно. Тие три позиции се претставени на финалната фотографија преку Сонце со послаб интензитет.

Единствено приспособување беше потребно при преминот од летно на зимско сметање на времето. Сонцето не го следи нашето поместување на часовникот, туку се движи според универзалното време (UT) и не знае дека ние ги поместивме стрелките за еден час.

Па така јас го поместив фотографирањето за еден час и наместо во 14:50 сликав во 13:50. Така останував во чекор со Сонцето, а не со часовникот. Во март, кога се вративме на летно сметање на времето, сликањето се врати на 14:50.

Оваа фотографија е кулминација на едногодишен проект за документирање на патеката на Сонцето над нашиот град. Како вчера да беше кога, без многу размислување, одлучив да се нафатам на овој долготраен и барем малку луд проект.

По 365 дена посветено фотографирање и трпеливо чекање на ведро небо, резултатот е фасцинантен визуелен запис во кој Сонцето ја исцртува својата карактеристична осумка, издигнувајќи се високо над Милениумскиот Крст на Водно во лето и спуштајќи се ниско над хоризонтот во зима, спојувајќи го урбаниот пејзаж на Скопје со космичкиот ритам“, пишува во неговата објава.

Бидејќи Сонцето треба да биде фотографирано од истото место, во коментари фотографот објаснува и како го позиционирал неговиот фотоапарат.

„Стативот секогаш истегнат до крај – тука нема промашување, централниот дел врз оградата, а ногарките поставени според плочките од терасата.

Првата фотографија секогаш ја имав на картица како репер за правилно нивелирање и кадрирање“, пишува фотографот.

fascinantna-fotografija-od-soncheva-analema-od-bobi-kuzmanoski-cela-godina-go-fotografiral-sonceto-vo-isto-vreme-od-isto-mesto-vo-skopje-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук - Боби Кузманоски

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава