За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
„Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасна, дека воопшто не е сменета и дека и денес блеска како и во тоа време.

Презентерката на вести и поранешна мис, Татјана Стојановска, се чини не старее.
Таа на Инстаграм објави фотографија од 2009-та година и ги потсети своите следбеници како изгледала пред цели 17 години.
„Ретро фотографија“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасна, дека воопшто не е сменета и дека и денес блеска како и во тоа време.
Татјана во едно интервју за CRNOBELO.com откри како ги негува лицето и телото.

„Користам вообичаени и не многу скапи препарати. Со години користам исти креми за лице кои се просечни и ги има во секој маркет и ми одговараат на мојата кожа.
Не правам некои специјални третмани на лицето, само редовни рутини на темелно чистење и нанесување креми.
Имам посува кожа и имам потреба од помасни креми и лосиони за тело.
Редовно ставам ботокс во челото и глабелата и тоа е единствен третман што го правам на 6 месеци, а кој ми овозможува посвеж изглед“, ни откри таа.
Повеќе фотографии од Татјана низ годините:




Прочитајте и Татјана Стојановска за стилот и убавината: „Редовно ставам ботокс на челото, тоа ми овозможува посвеж изглед“
А. Ј. | Црнобело
