Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на телефон“
- Детали
- четврток, 16 април 2026
„Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на што личи тоа ни добар ден, ни бутур прашање, со милион резултати прикачени пратено, па после некој час дури и прашалник ми праќате“, гласи дел од објавата на Ненад Лазаров, за која доби коментари со поддршка и од други доктори.

Доктор Ненад Лазаров работи како гинеколог акушер во Државната болница во Скопје и јавно говори на многу теми на неговиот Фејсбук профил.
Па, така и овојпат тој сподели реални случки со кои секојдневно се соочува.

Се пожали на луѓето кои во секое време од денот и ноќта му додеваат на приватен телефон со барања за помош и директно праќање на резултати, без ни поздрав на почетокот од пораките.

Објавата гласи:
„Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на што личи тоа ни добар ден, ни бутур прашање, со милион резултати прикачени пратено, па после неколку часа прашалник?
Праќање како демек ми немаш одговорено, нормални ли сте вие бе луѓе?“
Дел од коментари на доктори кои го поддржаа:
„За жал, на повеќето ни се случува, не се бира ни ден ни ноќ, по пораки дури и врски за испит се бараат...“

„Тоа е рутина, и дел од културата на нашите пациенти.
Нека пишуваат, ѕвонат, испраќаат пораки кога ќе им текне — и тоа преку „WhatsApp“, современо, со ехо-наоди, лаборатории и сè и сешто.... Нека го прават истото и со колегите во Европа, па тогаш да видиме како ќе поминат.
Ниту државата не нè заштитува, ниту презема мерки за нарушување на приватниот живот“.

С. С. | Црнобело
фото: depositphotos.com