Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме совлада трема“
- Детали
- вторник, 21 април 2026
„Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосватицата со дечкото и уште неколку блиски другари. Тогаш веќе емоциите ме совладаа целосно - солзи радосници, прегратки, смеа, треперење во срцето и чувство дека целиот свет застана во тој миг“, вели Ана Марија за романтичното запросување, за CRNOBELO.com.

Ана Марија (22) и Даниел (25) се во врска година и половина, а всушност се знаеле цел живот.
Но, дури откако ја почнале врската, си признале еден на друг дека меѓу нив постоеле симпатии многу одамна.

А таа љубов наскоро ќе ја крунисаат со брак.
Даниел, кој има сопствена фирма за транспорт, неодамна ја запроси Ана Марија на брегот на Охридско Езеро.

За нивната љубовна приказна, и романтичното запросување, за кое Даниел имал помош од сестрите на Ана Марија, таа раскажа за CRNOBELO.com:
„Иако сме во врска година и половина, нашата приказна започнала многу порано.
Сме растеле знаејќи се, а љубовта само си го нашла својот пат во вистинско време.

Запросувањето се случи во Охрид, во прекрасната градина до ресторанот „Егоист“, на 12.04.2026 и очигледно беше дека сè е испланирано до најмал детаљ.

За планот знаеле само моите сестри, сестрата на Даниел и кумовите.

Верувам дека имал трема, но љубовта и желбата да го направи тој момент совршен биле посилни.

Ние уште одамна со кумовите се договоривме викендот за Велигден да го поминеме во Охрид.
На 11.04 пристигнавме, се одморивме и вечерта отидовме да кружиме во црква.
