„Срцето ти се радува“ - Актерот Владо Јовановски стана дедо, пее со син му на мекици за внукот
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
„Етеее и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо... На секого му посакувам да си дочека ваква радост!“, сподели актерот Владо Јовановски, кој се весели со синот Григор, а снаата Сара ја нарекува принцеза.

Актерот Владо Јовановски стана дедо и од синот Григор и снаата Сара го доби внучето Михаил.

Григор Јовановски е успешен актер, по стапките на татко му, а Сара Митова е некогашна македонска репрезентативка во ракомет.

На мекиците организирани по повод раѓањето на Михаил, Владо пее прегрнат со својот син.

Тој му е огромна поддршка на Григор, а на свадбата со Сара во јуни 2025 година позираше со македонското знаме и во описот напиша: „Среќен свекор“.
Владо тогаш, со фотките на Фејсбук, напиша и: „Си ја земавме, нивната, а сега и наша принцеза: Сара Јовановска“.


Сега, пак, по повод раѓањето на внучето сподели:
„Етеее и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо...
На секого му посакувам да си дочека ваква радост!
Таткото на таткото е татко! Дедо Владо е татко на таткото на Михаил – Григор.
Не е важно дали ќе ја погодиш песната, прекрасно е кога срцето ти се радува!
Сите да си дочекате ваква радост, од сè срце Ви посакувам“.
Видео од Владо со синот на мекиците:
С. С. | Црнобело
