Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме совлада трема“
Следниот ден го поминавме во прошетка и ручек, а потоа се вративме да се подготвиме за „вечера“.
Кога пристигнавме во градината до „Егоист“, местото изгледаше како вистинска бајка - мир, убавина и посебна атмосфера.

Во тој момент ме совлада трема, срцето ми чукаше силно и едноставно се здрвив.
Тој клекна на колено, ми ги кажа најискрените зборови… и без двоумење го кажав судбинското „ДА“.

Во истиот момент се слушна силен аплауз.
Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосватицата со дечкото и уште неколку блиски другари.

Тогаш веќе емоциите ме совладаа целосно - солзи радосници, прегратки, смеа, треперење во срцето и чувство дека целиот свет застана во тој миг.

Искрено, очекував дека ќе се случи, но не очекував дека ќе биде токму на Велигден.
Тоа му даде уште поголема симболика и убавина на целиот момент. Пресреќна сум што го избрал баш тој свет ден.

Прстенот е совршен - точен до милиметар. Даниел навистина ме познава.

Инаку, сите наши најблиски веќе беа дел од моментот, па радоста беше заедничка.
Искрено, сите беа пресреќни за нас.

Веќе почнавме со плановите за свадба.
Веридбата ни е закажана, а ако даде Господ, свадбата ќе биде следната година“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело