Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“
Кога се упативме, имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“.
Мики предложи да почекаме да се расчисти гужвата за да се фотографираме и ние.
Но, позади дрвјата, како на филм, забележав непознати луѓе со камери како снимаат и гледаат кон срцето.

Во тој момент си помислив да не му го расипеме на некого специјалниот момент, дека сигурно луѓето чекаат некој да се појави. Тој само се насмевна, а јас продолжив да гледам во прекрасната глетка.
По некое време, ме фати за рака… и клекна. „Ќе бидеш ли со мене до крајот на животот?“
Во тој момент бев во целосно неверување. Сè беше толку магично, баш како од соништата. Преплавена од љубов и со солзи радосници, одговорив „да“ и веднаш паднав во неговите прегратки.
Во истиот момент почна песната „I think I wanna marry you“, што беше дел од целата организација.

И другите посетители што беа на св. Јован Канео почнаа да аплаудираат и да фотографираат.
На крајот се појавија сите луѓе што учествувале во изненадувањето. Бев во шок колку добро било сè испланирано. Се чувствував како да сум во бајка.
Солзите радосници не можев да ги сокријам – емоциите ме преплавија. Во тој момент најсилно почувствував колку многу сум сакана.
Оттогаш, Охрид има посебно место во моето срце“.
С. С. | Црнобело