Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“

„Имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“. Мики предложи да почекаме да се расчисти гужвата за да се фотографираме и ние. Си помислив да не му го расипеме на некого специјалниот момент...“, ја започнува Стефанија (Депинова) Рабровелиев од Струмица приказната за запросувањето од саканиот Мики.

stefanija-od-strumica-na-18-godini-dobiv-prosidba-od-sonishtata-na-kaneo-od-mojot-miki-01.jpg

Стефанија (Депинова) Рабровелиев од Струмица има завршено средно стручно образование како фармацевтски техничар и по матурата имала идеја да го продолжи нејзиното школување во Италија. Но, вели дека животот очигледно имал поинаков план за неа, па така била запросена од страна на саканиот Мирче Рабровалиев - Мики.

Тој, исто така, е од Струмица. Има завршено средно училиште во Англија за спорт во North Leamington High School, а неговата прва и најголема љубов отсекогаш била кошарката.

Токму поради тоа заминал во Америка за да ги оствари своите соништа. Кога се вратил во Македонија, продолжил да игра за клуб во Куманово.

Но, таму му се случила повреда која целосно му го променила животот. По операцијата останал во своето родно место Струмица, без да знае дека можеби токму тоа било Божјиот план за ние да се сретнеме, вели Стефанија.

Стефанија за CRNOBELO.com споделува детали за нивната љубовна приказна:

„Се запознавме преку заеднички пријател и веднаш „кликнавме“. Нашата врска траеше речиси две години.

Во тој период, Мики често зборуваше дека ќе ме запроси. Мене тоа ми беше слатко и симпатично кога го слушав, но поради нашата возраст, искрено, никој не веруваше дека ќе се случи во блиска иднина.

Но, Мики – што ќе науми, тоа и го прави.

stefanija-od-strumica-na-18-godini-dobiv-prosidba-od-sonishtata-na-kaneo-od-mojot-miki-05.jpeg

Неколку дена пред сè да се случи, ми рече дека ќе одиме во Охрид. Воопшто не се посомневав, затоа што целото лето постојано шетавме некаде.

На 13 август 2025 година, на зајдисонце, отидовме до крајбрежјето. Од таму со кајче тргнавме кон Канео.

Сè беше преубаво, а јас сè уште не се сомневав во ништо, затоа што ми рече дека ќе одиме да ја видам црквата.

Во претходните денови веќе посетивме и други цркви во Охрид, па планот беше после посетата на „Св. Јован“ да излеземе.

stefanija-od-strumica-na-18-godini-dobiv-prosidba-od-sonishtata-na-kaneo-od-mojot-miki-04.jpeg

Кога се доближувавме, имаше многу луѓе и веднаш ми падна во очи еден голем украсен венец срце. Му реков: „Еј Мики, овде имало веридба...“ Тој погледна и ми рече: „Да, многу е убаво“.

Имаше многу народ, атмосферата беше прекрасна.

Мики предложи да се качиме најгоре за да се сликаме со убавата глетка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава