Бојана од Скопје им открива на Хрватите колку ѝ е убава татковината: „Бигорски е бисер што туристичките агенции не ви го покажуваат“
- Детали
- среда, 22 април 2026
„Во Македонија, 3 манастири чуваат дел од оваа најскапоцена христијанска света реликвија, пред која голем број луѓе доаѓаат на поклонение, барајќи благослов и поддршка за своите семејства, најблиски и татковина. Меѓу нив е и Св. Јован Бигорски“, вели Бојана која 9 години живее во Хрватска и која работи како травел инфлуенсер, а неодамна ја посети татковината.

Бојана Матковиќ (44) е родена во Скопје, но веќе 9 години живее во Хрватска. Таму ја однела љубовта кој сопругот, кој е Хрват, а работи како авиомеханичар во Африка.
Бојана работи како контент-креатор на социјалните мрежи веќе 3 години, профилот ѝ е познат како @zivot_lutalice и на Инстаграм има скоро 100.000 следбеници.

Неодамна таа беше во Македонија, па објави и бројни видеа од земјава и местата што ги посети, а на Хрватите со воодушевување им раскажа за убавините на својата татковина.
Едно од местата за кои пишува со најголем восхит и кое ѝ остави најголем впечаток е Бигорскиот манастир, кој го нарече „Македонскиот бисер кој туристичките агенции не ви го покажуваат“.
Покрај видеото, таа објави и кратка приказна за манастирот, па напиша:
„Сместен во прекрасната природа на Западна Македонија, во долината на реката Радика, овој манастир е едно од најпосебните духовни места на Балканот и еден од најважните религиозни и културни објекти во Македонија.
Се наоѓа помеѓу Дебар и Гостивар, во близина на Маврово, опкружен со планини и недопрена природа.
Растојанието е околу 86km од Охрид (приближно 1 час и 30 минути возење) и околу 115km од Скопјe (приближно 2 часа возење).

Манастирот е посветен на Свети Јован Крстител и е познат по својот импресивен дрвен иконостас - еден од најубавите на Балканот.
Според легендата, на ова место е пронајдена чудотворна икона на Свети Јован Крстител.
Иконата наводно се појавила неколкуpати сама токму тука, иако верниците се обиделе да ја однесат на друго место.
Ова е протолкувано како јасен знак дека Свети Joван сакал манастирот да биде изграден токму на таа локација.

Иконата на Свети Јован сè уште се смета за чудотворна - верниците доаѓаат од различни места за да се молат, да бараат здравје, заштита и внатрешен мир.
Манастирот е основан во 11 век, но низ историјата бил обновен неколкупати, главно поради уништувања за време на отоманскиот период.
Во 16 век, бил речиси целосно уништен, а подоцна монасите и локалното население го обновиле од урнатините.
Најголемата реконструкција се случила на почетокот на 19 век, кога манастирот го добил својот сегашен изглед и станал важен духовен центар.
Денес е активен машки манастир, но и на жените им е дозволено да го посетуваат“.

Таа објави и второ видео, во кое на Хрватите им откри дека не само Бигорскиот манастир, туку дека уште два манастира во земјава чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.
„Во Македонија, 3 манастири чуваат дел од оваа најскапоцена христијанска света реликвија, пред која голем број луѓе доаѓаат на поклонение, барајќи благослов и поддршка за своите семејства, најблиски и татковина.
Манастирот „Св. Јован Бигорски“ (во близина на Дебар) - познат по својата голема колекција на реликвии, вклучувајќи и дел од Светиот Крст.
Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица (во близина на Дебар) - метох (подружница) на Бигорскиот манастир.
Манастирот „Света Богородица“ (Кичевска)“.
Кликнете и погледнете ги видеата:
А. Ј. | Црнобело