Саканата на Мандар имаше моминска забава со кул детали - Дариа блеска во 6-иот месец од бременоста
- Детали
- среда, 22 април 2026
Со бисери и тематска декорација во бело, Дариа од Скопје ужива во убавиот амбиент и блеска во 6-иот месец од бременоста. За љубовта со Мандар таа откри: „Нашата приказна започна сосема неочекувано на Инстаграм...“

Дариа Стефановска (28) од Скопје, веб и графички дизајнер, ужива во љубовта со нејзиниот свршеник Васил Мандаровски-Мандар (30), инфлуенсер и јутубер, од Скопје, a пред свадбата, другарките ѝ организираа моминска забава во вила во Катланово со базен.

Со бисери и тематска декорација во бело, Дариа ужива во убавиот амбиент и блеска во 6-иот месец од бременоста.

Со Мандар се заедно речиси две години, а токму сега влегуваат во еден од најубавите периоди во нивните животи и очекуваат мало девојче.

Дариа вели дека чувството дека расте еден живот во неа е нешто што навистина не може да се опише со зборови.

Дариа за тоа како започнала нивната љубовна приказна во една пригода за CRNOBELO.com откри:
„Нашата приказна започна сосема неочекувано на Инстаграм.
Васил, во негов стил, ми пиша некоја шега на едно мое Инстаграм Стори и така почна нашата комуникација“.
