„Сака да ја засени кумата“ - Сопругот на Антониа Гиговска стана хит меме со фризурата - си ги објавува хејт твитовите
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Сака да ја засени дури и „кумата“ (од случката на Водно)“, „Фризов сам те носи кај кумата“, „Само фризурата на шабанов е полоша од песната“ се само дел од твитовите за Роберт Спасенцовски. Сопругот на Антониа слатко се насмеа и ги сподели кај себе на Инстаграм. Што мислите вие за неговата фризура?

Антониа Гиговска неодамна го промовираше дуетот со Благица Павловска, каде како специјален гостин се појавува Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа.

Станува збор за нова, поинаква верзија на легендарната „Чукај, чукај“, која Благица ја испеа пред неколку децении.

Во спотот, од кои дел сниман на приколка од камион, Роберт има впечатлива фризура, која ги инспирираше твитерџиите.

Тој стана хит меме, а на Инстаграм Стори ги оценува твитовите за себе дали се смешни и посочува дека смета дека целта е исполнета – кренале прашина и за спотот се зборува.

Твитерџиите беа навистина креативни, а заклучија дека Роберт сака да ја засени дури и „кумата“ од случката на Водно.

Дел од твитовите:




