Параглајдер падна на шеталиште во Охрид – удри во улична светилка, дете и повозрасен пар „за влакно“ избегнаа повреда (видео)

На видео споделено на Јутјуб каналот на Ohrid1.com се гледа како параглајдер, кој лета многу ниско, прво удира во улична светилка на шеталиште, пред да падне на само метар-два од повозрасен пар. За среќа, инцидентот поминал без повредени.

paraglajder-padna-na-shetalishte-vo-ohrid-udri-vo-ulichna-svetilka-dete-i-povozrasen-par-za-vlakno-izbegnaa-povreda-video-01.jpg

Викендов „за влакно“ беше избегната трагедија во Охрид, откако параглајдеристи паднаа на пешачка патека на која имаше и луѓе.

Видеото од страшниот настан го сподели охридскиот портал Ohrid1.com на нивниот Јутјуб канал, а инцидентот се случил на пешачката патека кај Студенчишта.

Како што пренесува порталот, со параглајдерот управувал параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи.

На видеото се гледа како параглајдерот лета многу ниско над патеката, а жена и мало девојче исплашено се тргаат од патот.

paraglajder-padna-na-shetalishte-vo-ohrid-udri-vo-ulichna-svetilka-dete-i-povozrasen-par-za-vlakno-izbegnaa-povreda-video-02.JPG

Потоа параглајдерот удира во улична светилка и ја руши, пред двајцата парагјладеристи да паднат на земјата.

Тие паѓаат на само метар-два од повозрасен пар кој шета на патеката, но за среќа не удираат во нив и во инцидентот сите поминале без повреди.

paraglajder-padna-na-shetalishte-vo-ohrid-udri-vo-ulichna-svetilka-dete-i-povozrasen-par-za-vlakno-izbegnaa-povreda-video-03.JPG

На социјалните мрежи има реакции за инцидентот, а како што споделува Ohrid1, локалните жители сметаат дека треба да се преземе нешто за да се зголеми безбедноста кога се во прашање ваквите авантури.

Некои велат и дека треба да се промени местото на слетување на парагјладерите за во иднина да се избегнат вакви инциденти.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com, Јутјуб - Ohrid1.com

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава