Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се снима’ ми велат“

Актуелно е деновиве и тоа зошто сум се радувал дека ќе имам син, дали ќе сум се радувал така ако било ќерка. Замислете еј.
Многу ми е драго за себе што годиниве изградив психа веќе ништо да не ме допира и да правам апсолутно како мислам јас и тоа што го сакам. Исто така да не дозволам 20 кретени да ме демотивираат.
Ако сте толку јаки, пишете ми да ни помогнете да дигнеме шутот и да срушите некоја трска со нас.

Порака до младите: Ич да не ви чуе што зборат, работете на себе и правете го тоа што ве прави среќни. Секако ќе има луѓе што ќе зборуваат сешто - за жал, со социјалните мрежи секој може да напише што сака.
Куќата ќе ја завршиме, семејството ќе има нов дом, а на сите други што нè поддржувате - фала ви од срце“.

