Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се снима’ ми велат“
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, бидејќи нели тогаш не знаете колку помагам и каде, па пишувате зошто не помагам. Кога помагам и снимам, зошто снимам“, искрено се пожали Стефан Лазаров, a сподели и дека го критикувале што се радувал дека ќе добие син.

Јутубер Стефан Лазаров преку својот подкаст, а и на низа други начини секогаш се обидува да помогне секому.

Овојпат тој има проект во склоп на кој хуманитарно ќе реновира домови на семејства во рок од 60 дена, на луѓе од загрозените категории.

Но, дури и овојпат неговите „дежурни хејтри“ удрија по него, а тој за кометарите се пожали на Фејсбук.
Неговата објава гласи:
„Морам да искоментирам нешто што ми стои на душа деновиве.
Откако го објавивме серијалот „Реновираме куќа за 60 дена на семејство на кое му е потребно” искрен да бидам не ми се верува дека добиваме на дневна основа по неколку навредливи коментари.

„Кога се помага не се снима” , „Голем к*р праите”, „Аман од тебе” , „И шо, со спонзори и јас можам”, „Фушерај” итн.
Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, бидејќи нели тогаш не знаете колку помагам и каде, па пишувате зошто не помагам.
Кога помагам и снимам, зошто снимам.
