Македонка со случка од скопски маркет: „Жена немаше пари за прашокот за перење - дечко направи потег за медал“
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„На каса во еден од големите маркети, стои жена со пет основи артикли во рацете и ѝ вели на касиерката: ’Ве молам кога ќе завршите, кажете ми цена за прашоков, не знам дали ќе ми стигнат пари‘“…

Гестовите, дури и оние најмалите, кажуваат многу за нас како личност.
А, некогаш е доволен само еден мал гест за да му го разубавиме денот на некој.
Македонка сподели статус на Фејсбук во кој раскажува ситуација кога млад дечко го направил токму тоа.
Додека чекала ред на каса во маркет, дечкото несебично ѝ помогнал на жена која немала доволно пари да си купи нешто најосновно – прашок за перење облека.
Нејзиниот статус во продолжение:
„На каса во еден од големиве маркети, денес, стои жена со основни пет артикли во рацете и ѝ вели на касиерката:
- Ве молам кога ќе завршите, кажете ми цена за прашоков (мала кутија) не знам дали ќе ми стигнат пари.
Касиерката завршува и ѝ кажува цена, а жената ѝ вели да не го куца прашокот. Жената прашува:
- А сапун за рачно перење има? Или капсули на парче да не имате?
- Немаме - ѝ одговара учтиво касиерката.
Од редот на касата излегува еден дечко, до кај 30 години, и ѝ вели на жената:
- Почекајте ме малку тука, ве молам.
И ѝ објаснува каде да седне. Дечкото изврте и пак сврте накај рафтовите. Доаѓа до каса и се обраќа на сите:
- Ќе ве молам да ме пуштите после наплата на господинов, да ги платам овие за женава, па јас ќе се вратам во редот и ќе чекам за мене.
Го пуштаме, нормално.
Младиот господин на каса стави таблети (за облека) големо пакетче, кутијата прашок, неколку сапуни и омекнувач.
Касиерката го праша дали ова сè е купено за госпоѓата? Тој мирно ѝ рече:
- Да, сум поминал сиромаштија и добро знам колку е тешко да пазариш со броени пари. Како да ја видов мајка ми.
Се оддалечи накај жената. Таа го гушна. Сакаше да му ја бакне раката, но дечкото не дозволи. Се врати и застана на крај од редот.
Зашто еден господин дрзок и безобразен претходно не му дозволи да ги помине и неговите два производи. Пакет лименки и пакетче кисела вода. Уште и му се сврте и бесрамно му рече:
- Сакаш да глумиш спасител, е па чекај си двапати.
Додека сите ние останати му кажавме по еден убав збор.
Денес сретнав млад човек со ГОЛЕМИНА.
Добрата постапка, повторно го надмина злото!!!“
Спирова С. | Црнобело