Миа Костова по малтретирањето во Ѓорче: „Заскубете ги децата кога треба - ние трауми од по некоја заушка немаме“
- Детали
- вторник, 28 април 2026
„Па, искрена да бидам, да имаш 12 години и да ти текне да раниш некого со го*на и да го гориш со цигари значи дека никој не го заболе за тебе дома...“, вели Миа Костова и ја осудува негрижата за децата, но и модерното „нежно родителство“.

Миа Костова се огласи по згрозувачкиот настан во скопската населба Ѓорче Петров, каде неколку девојчиња, ученички во основно училиште, брутално малтретирале и понижувале врсничка, со горење со цигари и присила да јаде кучешки измет.
Нејзината објава се однесува на модерното „нежно родителство“:
„Па, искрена да бидам, да имаш 12 години и да ти текне да раниш некој со го*на и да го гориш со цигари значи дека никој не го заболе за тебе дома, а кога правиш нешто погрешно се врти на нежно родителство, затоа што родителите чувствуваат вина за времето кое не ти го посветиле.
Па, издвојуваат 15 минути со мирно да ти објаснат дека не е убаво да се тепаш.

И тргнете ми се со ʼнасилство раѓа насилствоʼ.
Нема никакво насилство во една заушка која следен пат ќе ја памтиш на улица кога ќе сакаш да раниш некој со го*на... И ќе си речеш како и сите ние пораснати со „ненежно“ родителство, а никогаш никого со цигари не сме гореле ʼЕј, не смеам ова бе, ќе ме згазат домаʼ.
И никој не те газел, ама се знаело кој кого родил тука и кој кого воспитува.
Да снимаш и да се радуваш на туѓа агонија е врв на безобразлук, немање љубов, а ни страв од последици.

И сега, наместо да се објасниме со фино ʼне мама така, другарките не се горат со цигариʼ , родителите јавно да ги проценува социјално, а убавиците што сигурно дома кога ќе им се повиши тон, додека лепат нокти на 12 години, се обраќаат со ʼизлагај мори од соба, не ми се дериʼ, па снимаат ТикТок како е животот тежок, да си полежат во некој дом, додека од сабајле до вечер копаат двор и собираат гранки и чистат соби.
Не сте истресени од гаќи на време.
Слободно пишете што сакате. Трауми прават вашите деца, затоа што немате време ни да ги заскубете кога треба, ние трауми од по некоја заушка на време и со причина - немаме“.
С. С. | Црнобело