Даниел и Кристина од Кратово живеат во Франкфурт, а тој романтично ја запроси во Доминикана: „Беше спонтано и без формалности“
И Даниел ја раскажа својата страна:
„Отсекогаш сум го замислувал запросувањето на плажа – да биде спонтано, приватно и само за нас, во наш стил, како љубители на плажи, палми и море.
Кога знаеш дека ја имаш вистинската личност до тебе, сè доаѓа природно, без многу напор.
А и љубовта кон Карибите е нешто посебно за нас – ова навистина беше момент само за двајцата.

Искрено, иако е тешко да се скријат работи од Кристина, успеав добро да го скријам прстенот. Таа знаеше дека и подготвувам изненадување за роденденот, но воопшто не ни помислуваше на вакво нешто.
Затоа и се одлучив да ја запросам неколку дена пред роденденот.

За мене, ова не беше само запросување, туку уште една потврда за сè што сме изградиле низ годините – љубов, доверба и заедништво.
Во тој момент почувствував сигурност, мир и огромна благодарност што ја имам покрај мене.”

„И двајцата сакаме да патуваме и да откриваме нови места, па веќе имаме испланирано и други патувања низ светот.
Освен туристичките дестинации, сакаме да го запознаеме локалниот начин на живот, културата и секојдневието на луѓето, бидејќи веруваме дека токму таму се крие вистинската приказна на секое место.
За нас, патувањата не се само дестинации, туку искуства и спомени што се собираат низ целиот свет“ - дополнува Кристина.

Повеќе фотографии од парот низ годините:





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело