Љупка Митрова на луксузен одмор во Италија - Вила со приватно езеро, ноќевање е над 1.100 евра
- Детали
- петок, 08 мај 2026
Љупка и сопругот Георги поминаа неколку дена во La Foleia, луксузна вила од 180m2 каде од терасата се излегува на мало приватно езеро.

Инфлуенсерката и сопственичка на модниот бренд Mitroff, Љупка Митрова, го користи секој момент кога не работи да ужива во животот, патувањата и љубовта со сопругот Георги.

Овој пат парот беше на бајковит одмор во Италија, во Веруно. Тоа е гратче во провинцијата Новара, кое е на околу 100km од Торино.

Љупка и Георги поминаа неколку дена во La Foleia, луксузна вила од 180m2, во која од терасата се излегува на мало приватно езеро.

Според податоците на Booking, ноќевање во вилата во моментов е над 68.000 денари, по вечер, што е над 1.100 евра.

Рејтингот на вилата е 9.9, според оценките од посетителите.

Љупка сподели неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм - додека весла бротче на езерото, како ужива на терасата со прекрасен поглед, од ентериерот на вилата.

Таа блеска и како секогаш, изгледа прекрасно.

Погледнете ги фотографиите:

