Македонка со кадри од болница: „Доктор може да направи болката која трае 7 години да исчезне за 45 минути, Бог ми е сведок“
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
„Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав... Бог ми е сведок колку сум благодарна на секој чекор и колку сум благодарна на мојот доктор. Животот е еден!“, вели од срце Стаменка Трповска - Менче од Скопје.

Стаменка Трповска - Менче (32) од Скопје, по професија музичар – теолог, е вистинска инспирација oд година во година.

Таа во 2023-та година имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата коксартроза, во 2024 веќе трчаше на Скопски маратон, а лани го истрча својот прв полумаратон, односно истрча 21km на Скопски маратон 2025.

Оттогаш таа не сопира.

По повод 3 години од операцијата Менче сподели:
„Три години поминаа како на шега, од операциона сала право на трка и истрчани километри и полумаратони.

Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав и колку професионален и искусен доктор може да направи болката која трае 6-7 години да исчезне за 45 минути.

Бог ми е сведок колку сум благодарна на секој чекор и колку сум благодарна на оној кој ми го овозможи сево ова, мојот др. Камнар.
Животот е еден!“



