„Започнува да врне“ - Рубенс Муратовски на патување во Париз со синовите имаше „Мерилин Монро момент“
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
Рубенс Муратовски неретко истакнува дека омиленото друштво му се неговите два сина, и секој слободен миг го минува со нив. Актерот сега имаше интересна случка во Париз каде покажа дека ниту лошото време не може да ви го расипе расположението, ако во срцето носите детска радост за животот.

На 24- март во Македонскиот народен театар се одржа 34-тото издание на манифестацијата „Глумците пеат“, а меѓу многуте актери на сцената беше и Рубенс Муратовски.

Тој изненади кога на настапот се појави со своите два сина и покажа дека гените се чудо и талентот е наследен.

Рубенс Муратовски ја испеа „Наташа од трето три“, а на сцената му правеа друштво неговите два сина, кои и пееја и свиреа на гитара и ги собраа симпатиите на целата публика.

Тој е посветен татко и сака секој слободен миг да го помине со нив, па од прошетки во природа до фудбалски натпревари, тие се неразделни.



Сега, Рубенс со својата придружба имаше интересен „Мерилин Монро момент“, како што коментираат неговите пријатели на Фејсбук, на патувањето во Париз.


Француската престолнина го пречека со дожд, но актерот не дозволи тоа да му го расипе расположението.

Тој објави фотографија на која врне и кабаниците им летаат нагоре, како култниот фустан на Монро и напиша:
„Париз. Започнува да врне. Малку. Па посилно.
Гледаш Декатлон. Си земаш кабаници. Се шеташ безгрижно.
Поминуваш над решетките од метро... Нормално те дува одоздола силно... и детска радост“.

С. С. | Црнобело