Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“
Еден тука постар брачен пар, од мене постар. Жената кога ме виде само ги дигна рацете, насмевка.
Мажот ѝ: „Ееее, тоа кучето, бе. Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“
Каква е таа храброст бе?! Прво, од кај знаеш, може не можам да имам деца, може сум неплоден. Тоа е бедно, бе, подло.
Пријателе мој, штом има толку омраза во тебе, ти не си направен од љубов.

Јас имам и непристојни понуди од жени, познати, што сакаат да родат мое дете.
Викам, „Благодарам ви што е така, но дете се прави од љубов, не од математика“.
Денеска е барем лесно, можеш и да не се видиш со жената и да има твое дете.
Значи, одиш во банка на сперма, ја проверуваат твојата сперма, јас во време на Илина ја проверував мојата сперма.
Докторот во Струмица ми рече „Терај ти работа, тие опавчињата...“.

Не знам дали ова дали сум ти го кажувал, пред куќата во која привремено живеев се паркира една кола со скопска регистрација.
Излегува една докторка. „Добар ден - добар ден“.
Ја примивме на тераса, Илина ѝ свари кафе, таа извади една епрувета, ми ја даде мене, ја треба да влезам во дневна и да дадам примерок од сперма.
На сила кога е - џабе. И тоа е еден од најсмешните моменти од нашата врска.
Кога конечно успеав, ѝ ја давам епруветата. Ѝ викам „Во ред ли е?“ А она „Доообро, и малце повеќе“ (ха-ха)“, вели Игор.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело