Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
„Непознат маж ми вели: 'Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?' Каква е таа храброст?! Прво, од кај знаеш, може не можам да имам деца, може сум неплоден. Тоа е бедно, бе, подло. Пријателе мој, штом има толку омраза во тебе, ти не си направен од љубов“, вели Џамбазов во интервјуто.

Игор Џамбазов, најпопуларниот македонски шоумен, актер, музичар, текстописец, секојпат е искрен за сè поврзано со својот живот.
Тој често знае да сподели и делови од својата интима со публиката, нешто што другите јавни личности, најверојатно би го сочувале за себе.
Својата храброст да говори јавно на теми за кои не се зборува многу, ја покажа и овој пат, како гостин во подкастот на Марио Арангеловски.

Таму, Џамбазов зборуваше на бројни теми, но се осврна и на луѓето кои со недолични коментари им се обраќаат на луѓето, без притоа да ја знаат позадината на приказната, т.е што е реалноста.
Игор почна од тоа дека се засрамил кога прочитал коментари насочени кон неговата партнерка, планинарката Илина Арсова, особено оние поврзани со фактот што таа сè уште нема деца.
Џамбазов низ разговорот откри и дека додека биле заедно, тој си ја проверувал спермата и ситуацијата во која се случило тоа, во куќата во Дојран, ја нарече „најсмешната во нивната врска“.

„Ретка жена, интелектуалка, ем уметник, ем активист, а таквите најмногу им пречат на луѓето. Баш сега пред некој ден видов на некој портал, нејзина објава за тоа како ја тролаат.
Па срам да ти е да прочиташ. Може ли да сум толку малер со вакви луѓе да дишам ист воздух?
Да навредуваш жена на 40 и кусур години што нема деца и да ја навредуваш заради тоа што нема деца. Па, идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има тој човек што го осудуваш?
Можеби не може да има деца, од каде знаете? Леле, колку е лошо тоа!

Сега имав еден случај во Дојран во куќата... И сега, Ферхунде си е на терасата и ако поминат кучиња, се лае кучево, нели?
Ама и луѓе ако поминат што не ги познава...
И нешто интензивно лае, и јас излегувам: „Што е бе злато?“ и доаѓам до неа.
