Илина Арсова револтирана од хејт коментарите за неа, ги сподели со скриншот: „Засрамете се, ќе се помолиме за вас“
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Е, сега објаснете ми го ова, профили, очигледно фамилијарни луѓе, што коментираат со ваков јазик. Тешко на вашите дома“, вели Илина Арсова за безобразните и некултурни коментари кои осамнаа под објава за нејзиното гостување во подксатот „Смисла“. Разочарана и згрозена, таа отворено го сподели својот став... „Тие луѓе и самите себе се мразат, како што вели Игор Џамбазов, на кого истовремено му се пикате, па го хејтате дури и овде“.

Илина Арсова гостуваше во подкастот „Смисла“, а во разговорот со сестра Ефимија и Отец Бобан имаше одлични поенти, кои некои наши медиуми ги споделија.

Во овој подкаст се водат искрени и длабоки разговори за некои од најважните прашања во животот.

Но, наместо на тоа, фокус на многумина во коментари на социјалните мрежи е љубовниот живот на Илина, нејзиниот изглед и поврзаноста со Игор Џамбазов и на сето тоа се коментира со еден неубав тон, полн некултура.

Револтирана од ова, Илина се огласи на својот Фејсбук профил.

Објавата на Илина Арсова гласи:
„Ми се појави објавата на еден наш медиум, каде споделуваат делови од мојот разговор со сестра Ефимија и Отец Бобан, за подкастот Смисла.

Не дека сметам дека тоа е некоја вест што треба да се објавува покрај многу поактуелни проблеми со кои се соочуваме, сепак целиот разговор беше навистина преубав и инспиративен за многумина кои слично се почувствувале во даден момент.
И ви благодарам на сите што ми пишавте.

Е, сега објаснете ми го ова, профили, очигледно фамилијарни луѓе, што коментираат со ваков (безобразен) јазик. Тешко на вашите дома.

Понатаму коментарите за убавина се исто така интересни.
Искрено убедена сум дека самите немаат огледало дома, а како и да е за да одиш на подкаст не треба да си фото модел.
