Ќерката на Љупка Митрова е матурантка со впечатлив стил - Жолт фустан со многу детали, креиран од мајка ѝ
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош е со необична форма, што дополнително влијае на уникатниот изглед на креацијата во која Елена, ќерката на Љупка Митрова, блеска.

Елена, постарата ќерка на инфлуенсерката и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, е матурантка.
Таа веќе ја прослави својата матура во родната Струмица, а на забавата, која за средношколците е најважната во нивните 4 години поминати во средно, таа носеше впечатлив жолт фустан.

Оваа необична креација, во силна жолта боја која ретко кој ја носи, на Елена ѝ стои совршено.
Фустанот е дизајниран и сошиен во модното студио на Љупка.

Ја следи линијата на телото до над колената, а долу се шири во стилот на фустаните на балерините и тој дел, кој е направен од жолт тул, е фиксиран со корпа.
Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош е со необична форма, што дополнително влијае на уникатниот изглед на креацијата.

На материјалот се извезани многу камчиња и кристали.
Елена на нозете носеше сандали во крем боја.

Таа имаше нежна шминка, но и впечатлива фризура, со врзана коса и превиткани шишки како во стилот на 1920-тите, а ѝ ги направи познатиот шминкер и фризер од Струмица, Марјан Петров.

Погледнете повеќе фотографии од матурскиот фустан на Елена:

