Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото)
- Детали
- сабота, 23 мај 2026
„За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде посебно и незаборавно. Ивана знаеше само дека одиме на крстарење низ Италија, Шпанија и Франција“, ја започнува приказната за запросувањето Марио Петровски од Куманово.

Марио Петровски од Куманово и неговата сакана Ивана Михајловска од Куманово се фитнес тренери и сопственици на Jungle Gym.
Во врска се веќе 3 години, а низ целиот тој период заедно поминале многу моменти, предизвици, успеси и соништа кои ги направиле уште поблиски.

Марио за CRNOBELO.com споделува детали за запросувањето:
„За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде посебно и незаборавно.
Ивана знаеше само дека одиме на одмор и крстарење низ Италија, Шпанија и Франција, но немаше ни најмала претстава дека токму на тоа патување ќе се случи еден од најважните моменти во нашиот живот.

Цело време се трудев да го сокријам изненадувањето и искрено, тоа ми беше најтешкиот, но и најубавиот дел.
Сакав моментот да биде искрен, емотивен и исполнет со љубов, да биде момент кој ќе го паметиме цел живот.
Запросувањето се случи на патот кон Ибица, среде море, на стаклениот мост кој изгледаше како сцена од филм.

Во моментот кога клекнав и ја прашав најважната работа во мојот живот, времето како да застана.
Нејзината реакција, емоциите, солзите радосници и прегратката после тоа се нешто што никогаш нема да го заборавам.

Тоа не беше само запросување. За нас тоа беше доказ за љубовта што ја градиме со години и почеток на едно ново, уште поубаво поглавје од нашиот живот заедно“.

