Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD

od-15-juni-na-lentite-oznacheni-so-mtag-nema-da-mozhe-da-se-pominuva-so-mcard01.JPG

Важно известување до корисниците на наплатните станици

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ.

Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

od-15-juni-na-lentite-oznacheni-so-mtag-nema-da-mozhe-da-se-pominuva-so-mcard-02.JPG

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:

  • електронска наплата (MTAG / MCARD)
  • готовинско плаќање (CASH)

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:

  • зелена стрелка - означува активна (отворена) лента
  • црвен икс (X) - означува затворена лента

od-15-juni-na-lentite-oznacheni-so-mtag-nema-da-mozhe-da-se-pominuva-so-mcard-03_copy.JPG

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Ова известување се објавува со цел благовремено информирање и прилагодување на корисниците кон измените во системот за наплата.

Јавно претпријатие за државни патишта 

Би можело да ве интересира:

Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Миро Кацаров не слави Валентајн, Ивона Јо добила мистериозна љубовна порака - Што им значи 14 февруа... „Уф, од романтични моменти за Валентајн, само Св. Трифун го паметам, ха, ха“, ве...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...
Идеи за креативни подароци за саканите за Валентајн, од македонски мали бизниси Креативни дрвени изработки со човечиња и гравирана порака, персонализирана книга...

Најчитани неделава