Анета Љумаковска блеска покрај сопругот Рубин една недела по свадбата, на настап на Фолк фест Валандово
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Една од најпопуларните фолк-пејачки кај нас, Анета Љумаковска, објави нови фотки со саканиот Рубин, со кого се омажи на 20 мај. Таа се пофали и дека со својот бенд, во кој Рубин е саксофонист, освоиле трето место на реномираниот „Фолк фест Валандово“.

Пејачката Анета Љумаковска Размоски, која пред една недела стапи во брак со својот сакан Рубин Размоски, блеска од среќа покрај него.

Анета, која пее во својот „Анета бенд“ и Рубин, кој е саксофонист во бендот, заедно настапија на „Фолк фест Валандово“, еден од најстарите фестивали во земјава, и освоија трето место.
На Инстаграм Анета гордо ја покажа наградата, објави фотки со бендот, но и неколку каде што е во прегратка на сопругот.

Таа се фотографираше и со Смиља Митревска, која живее надвор од Македонија, но и понатаму важи за една од омилените наши пејачки.
„Конечно една фотографија со мојот идол“, напиша Анета.

За потсетување, пејачката се омажи со својот партнер Рубин на 20 април.
Тие склучија граѓански брак и имаа мала прослава.